Лизинг

manu КОНТАКТ СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ РЕЗЕРВАЦИИ ЦЕНИ ВОЗИЛА НАСЛОВНА



Online Reservations

Ви треба кола веднаш!

Ако ви е потребна кола во следните 24 часа, резервирајте со едноставно јавување на: +389 70238743 +389 75636664

Opel Vivaro 1.9



AМ/ФМ стeрeo рaдиo сo kaсeти; рaчeн прeнoс; kлимa урeд; AБС сoпирaчkи; мoжни дoпoлнитeлни oпции

Online Reservations



Ул. Даме Груев бр. 16-2/14, Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3119 019
Факс: +389 2 3138 382
info@carrentalmacedonia.com

ШТО Е ЛИЗИНГ?

Лизингот може да се дефинира како договорен однос помеѓу две страни, корисникот и сопственикот на возилото кое е предмет на лизинг аранжманот, каде корисникот се стекнува со право на употреба на возилото и истовремено презема обврска да изврши низа на периодични плаќања на сопственикот, односно лизинг компанијата. Во текот на лизинг периодот.
Основната карактеристика на ваквиот аранжман е дистанцирањето на сопственоста над возилото (лизинг компанија) од неговата економска употреба (корисник). Оваа каракеристика му овозможува на корисникот во текот на лизинг периодот да го употребува возилото кое е предмет на лизинг аранжманот без ангажирање на сопствени сретства за набавка на истото, односно без стекнување на сопственост над истото. По истекот на лизинг аранжманот најчесто возилото што било предмет на тој аранжман се враќа на лизинг компанијата, но голем број на лизинг аранжмани даваат можност корисникот на возилото истото да го откупи, или пак да склучи нов лизинг аранжман.

Предност на лизингот во споредба  со другите  форми на  финансирање:
· поголема можност за прилагодување на условите на финансирање кон индивидуалните потреби;
· постапката на одобрување на финансирање е брза и едноставна;
· правните лица можат да го искористат определеното влијание на финансирањето преку лизинг врз билансот на состојба и на трошоците на работење;
· можност за финансирање имаат и клиенти со формално помала кредитоспособност како и новоосновани друштва;
· вообичаено не се потребни дополнителни обезбедување за лизингот, дури и за подолг рок;
· финансирањето на инвестиции кај некои форми на лизинг не го намалува кредитниот потенцијал и нуди поголем расположив обртен капитал;
Годишен приход
По правило, отплатата за лизинг се пресметува за цела година. Предноста на ваквиот метод е што месечните отплати во секој каматен рок не се менуваат, па цената е распределена рамномерно низ годината. Каматата и главницата на секоја лизинг рата се менуваат според условите договорени во амортизациониот план
Преостаната вредност
Со Договорот за оперативен лизинг корисникот на лизинг плаќа само за реалната амортизација на возилото за времетраењето на лизинг договорот. Компанијата за лизинг (давателот) е одговорна за продавањето на имотот по неговата преостаната вредност и за надоместување на вредноста откако договорот за лизинг ќе истече. Скапите или имоти од висока вредност имаат висока преостаната вредност, што значи пониски месечни отплати и помало оптеретување на вашиот готовински капитал.
Рок за исплата
договорите лизинг ратите доспеваат на крајот од месецот, што значи дека го користите возилото а потоа плаќате за него.

Времетраење на лизингот
Договорот за лизинг има одредено фиксно времетраење. Тоа започнува откако возилото е доставено до корисникот а завршува на крајот од периодот утврден во договорот, во случај ако сите услови на договорот се исполнети.
Договор за купување
Давателот на лизинг го купува возилото по ваш избор и со рок на испорака и услови на плаќање претходно договорени помеѓу вас и добавувачот.
Кредитна проценка
Пред да се финализира договорот за лизинг, строго ги проверуваме сите потенцијални ризици поврзани со кредитната способност на клиентот, возилото на лизинг и добавувачот врз основа на документите кои ќе ги добиеме.
Гаранции
За да се намалат или покријат било какви потенцијални ризици давателот на лизинг може да побара гаранции или меници.
Учество
Учество е уплата која корисникот ја прави до компанијата за лизинг уште пред почетокот на договорот за лизинг.
Меница
Меницата е договор во кој гарантот се сложува да го отплати кредиторот (компанијата за лизинг) во случај на неисплата од страна на корисникот.
Гаранција
Сите права за гаранција, како и сите други побарувања кои проникнуваат од куповниот договор, се префрлуваат од компанијата за лизинг до корисникот на лизингот, кој се стекнува со право да ги применува истите.
Превземање ризик
Корисникот на лизинг го сноси сиот ризик во случај на невнимание при загуба, исчезнување (кражба) како и оштетување и целосно уништување на возилото на лизинг.
Осигурување
Корисникот мора да го осигура возилото против сите потенцијални ризици и опасности во времетраењето на договорот за лизинг. Компанијата за лизинг мора да биде наведена како осигуреник во сите осигурителни полиси.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

ФИЗИЧКО ЛИЦЕ

1. Профактура од добавувачот на автомобилот на лизинг насловена до давателот на лизинг (НАТИОНАЛ АЛАМО).
2. Копија на лична карта или пасош.
3. Потврда за исплатена нето плата за последните 3 месеци со заверен рекапитулар.
4. Фотокопија од имотен лист 
5. Pokraj ovaa dokumentacija, D.T.P.U "Tujmada" DOOEL Skopje mo`e da pobara i dopolnitelni dokumenti.

ПРАВНО ЛИЦЕ

1. Профактура од добавувачот на автомобилот на лизинг насловена до давателот на лизинг (НАТИОНАЛ АЛАМО).
2. Тековна состојба од Централниот регистар.
3. Приложување копија на картон на депонирани потписи во банка на жиро сметката на корисникот на лизинг.
4. Копија од даночниот број издаден од Министерство за финансии 
5. Биланс на состојба и биланс на успех за тековната година на работење
6. Pokraj ovaa dokumentacija, D.T.P.U "Tujmada" DOOEL Skopje mo`e da pobara i dopolnitelni dokumenti.

НАПОМЕНА!!!

Во пресметките на месечниот закуп на возилата се прикажани трошоците за обработка во висина на 1,5%+ДДВ од вредноста (to Д.Т.П.У Тујмада ДООЕЛ Скопје, ги зема еднократно на почетокот на деловниот закоп.

2007 © CarRentalMacedonia.com
Web design by Guruweb.eu Privacy Policy
Насловна    |    Возила    |    Цени    |    Резервации    |    Специјално   |    Контакт